Skip to main content

project culture tourism logo 448Проект CB006.2.23.044 

ТУРИЗЪМ, БЛАГОПРИЯТСТВАЩ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
В ТРАНСГРАНИЧЕН РЕГИОН БЪЛГАРИЯ-МАКЕДОНИЯ

banner ct bg mk

Туристичка промоција на културното наследство на прекуграничниот регион на Куманово и Ќустендил

Туристичка промоција на културното наследство на прекуграничниот регион на Куманово и Ќустендил

 

Меѓуграничен форум за промоција на културното наследство во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија, во организација на Фондација за развој на мали и средни претпријатија и Индустриско – трговската комора на Ќустендил, се одржа во Куманово.

 На онлајн форумот кој траеше два дена учество земаа преку 50 учесници од македонска и бугарска страна, кои презентираа интересни теми и дискусии во делот на развојот и зачувување на културното наследство во прекуграничниот регион.

- Меѓуграничниот форум максимално допринесе за подобрување на информираноста и знаењата на локалните и регионалните туристички и културни заедници, што пак од друга страна се фокусира на размена на искуство и знаење помеѓу туристичките оператори, културните институции и локалните и регионалните власти од прекуграничниот регион за активности од областа на развој на туризмот и културното наследство - истакна координаторот на проектот, Димитар Ташевски.

На форумот се презентираа промотивните видео спотови изработени во рамки на проектот, а беа прикажани иновативните виртуелни тури на културно историските обележја.

- Сето ова беше проследено со големо воодушевување и восхитување од страна на учесниците на форумот за сите овие изработени материјали и иновативни алатки кои во иднина ќе послужат за реална промоција на културното наследство во регионот и развојот на туризмот, - додава Ташевски.

 Меѓуграничниот форум е во рамки на проектот „Туризам кој придонесува за културното наследство во прегуграничниот регион Бугарија - Македонија„, кој е финсиран од Европската Унија.

Страницата може да ја најдете на следниот линк: https://kumanovonews.mk/vesti/turisticka-promocija-na-kulturnoto-nasledstvo-na-prekugranicniot-region-na-kumanovo-i-custendil kunews l3