Skip to main content

project culture tourism logo 448Проект CB006.2.23.044 

ТУРИЗЪМ, БЛАГОПРИЯТСТВАЩ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
В ТРАНСГРАНИЧЕН РЕГИОН БЪЛГАРИЯ-МАКЕДОНИЯ

banner ct bg mk

Продуцирани и изработени 4 промотивни видео спота и развиени 10 виртуелни тури за промоција и валоризација на заедничкото културно наследство преку проектот ,,Туризам кој придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија-Македонија”

 

“A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044

Проект: ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (CB006.2.23.044)

Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006

Договор бр.: PD-02-29-165 / 12.07.2019 година

Продуцирани и изработени 4 промотивни видео спота и развиени 10 виртуелни тури за промоција и валоризација на заедничкото културно наследство во таргетираниот прекуграничен БГ-МК регион во рамки на
ЕУ проектот CB006.2.23.044

Фондација за развој на мали и средни претпријатија е во фаза на имплементација на ЕУ проект (меѓуграничен проект) со договор бр. PD-02-29-165 (12.07.2019 – 12.10.2020 год.) и име на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, финансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.
Проектот се имплементира од страна на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Трговската комора на Ќустендил.
Целта на проектот е да се унапреди соработката меѓу регионалните актери во областа на оддржливиот туризам во прекуграничниот регион на Североисточниот дел од Р. Северна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил од Р. Бугарија (9 општини).

“Продуциран и снимен промотивен ТВ видео спот за промоција и валоризација на заедничкото културно наследство во таргетираниот прекуграничен БГ-МК (четири верзии на ТВ видео спотови)”

Во рамки на проектот се изработени одредени алтернативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целиот прекуграничен регион (североисточен и ќустендилски регион).
Беа развиени детални концепти и планови за продукција на два видео спота “единствено културно наследство на североисточниот регион“ на македонски и англиски јазик.
Воедно други два видео спота на бугарски и англиски јазик беа развиени од страна на бугарскиот партнер, Трговската комора на Ќустендил.


Видео спотовите се веќе поставени на веб страницата на проектот https://rcku.org.mk/cultural-heritage/mk/virtuelni-turi/ од македонска страна и на страницата https://tour.cci-kn.org од бугарска страна. .
Видео спотот со помало времетраење (1 минута) веќе е објавен на регионалната телевизија во Р. Северна Македонија, додека поголемиот видео спот е достапен на социјалните мрежи, веб страниците на партнерите и на електронските портали.
Целта на ТВ видео спотовите е да се претстави заедничкото културно наследство што го нуди прекуграничниот регион.
За промоција и валоризација на културното наследство (промоција и континуирани прикажување на двата видео спота и виртуелните тури) во прекуграничниот регион, набавени се по 10 таблети за двете страни (двата партнери) и истите ќе бидат распределени бесплатно на хотели, ресторани, центри за развој на туризам, плански региони и други организации и институции за развој на туризам.
На овој начин, сите гости, посетители, туристи и други странци кои го посетуваат овој регион ќе бидат запознаени со културното наследство во прекуграничниот регион.

“Развиени 10 виртуелни тура за промоција и валоризација на културното наследство во таргегираниот прекуграничен регион / виртуелни тури за 5 одделни културни објекти во североисточниот регион и виртуелни тури за други 5 одделни културни објекти во ќустендилскиот регион”

Промоција и валоризација на културното наследство во прекуграничниот регион ја претставивме и преку иновативни алатки – изработени виртуелни тури на 5 репрезентативни и значајни културни објекти кои претставуваат културно наследство во североисточниот регион и други 5 виртуелни тури за објекти кои претставуваат културно наследство во ќустендилскиот регион.
Виртуелните тури се прикажани преку панорамски режим од 360 степени (глетки, текст, слики, музика, мапи, планови, индикатори за насока и точки за движења од еден до друг објект), надворешни и внатрешни 360 прегледи на културните објекти за промоција и валоризација на културното наследство според избраниот културен објект, подготвка до 8 точки на 360 степени панорами во секој објект.
Виртуелните патувања ќе дадат можност сите заинтересирани посетители (туристи, странци и други граѓани) да го посетат објектот на културата во погодно време, користејќи електронски алатки и опрема (компјутер, таблет, мобилен телефон).
Виртуелната тура претставува интерактивно патување преку интернет во и надвор од објектот на културата. Таа е претставена со слика од 360 степени на предметот објавен на интернет и преку кој корисникот може да прошета низ просториите и да види како изгледа местото што сака да го посети. Целта е брзо да се остави добар впечаток на корисникот преку виртуелната тура и да се предизвика интерес за местото споменато во технологијата. Оваа дигитална прошетка ќе им биде доставена на клиентите уште поблиску до фазата на посета.
Виртуелната турнеја е поддржана преку ресурсите на Google (виртуелните тури поставени се на Google) и ќе има можности за вградување на разни веб-страници, социјални мрежи и многу повеќе.
Виртуелните патувања се иновативна алатка за подобрување на животната средина за развој на туризмот пријателски настроен кон културата во прекуграничниот регион.

Виртуелните тури ќе бидат прикажани на веб-страниците на партнерите, разни хотели и ресторани, туристички агенции, институции за култура, локални самоуправи и други институции за развој и промоција на туризам во североисточниот и ќустендилскиот регион.
На еден дел од овие организации и институции за развој на туризам ќе им доделиме бесплатно таблети во рамки на проектот на кои ќе можат да ги промовираат и претстават виртуелните тури, и истите да бидат користени од страна на посетителите и туристите кои сакаат да се информираат и да го запознаат културното наследство во овој прекуграничен регион.

Во овој дел беше ангажиран и експерт по културно наследство кој помогна во идентификација и селекција на културните објекти кои се дел од виртуелните тури и видео спотови во двата региони.

Ви даваме линк од веб страницата на проектот на која може да се најдат овие алтернативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во регионот.

Страницата на партнерот Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, може да ја најдете и да се информирате на следниот линк: https://rcku.org.mk/cultural-heritage/mk/virtuelni-turi/.

Страницата на партнерот Трговска комора на Ќустендил, може да ја најдете и да се информирате на следниот линк: https://tour.cci-kn.org.

bumRadio BUM